top of page

УСЛУГИ

МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИЈА

Нашите клиенти од Северна Македонија и регионот ни ја дадоа својата доверба дозволувајќи ни да ги понудиме нивните проекти на инвеститори од целиот свет. Листата на проекти вклучува енергетски проекти, високотехнолошки стартапи, недвижности, земјоделство и многу други, во зависност од потребите на инвеститорот. Покрај тоа што нудиме можности за инвестирање, ние го поддржуваме процесот на преговори и аквизиција т.е. процесот на превземање. Со нашето долгогодишно искуство во секторот и разбирање на локалниот и меѓународниот начин на размислување, даваме додадена вредност на услугата и го правиме процесот полесен и поефикасен.

ОБРАЗОВАНИЕ

Се радуваме да ја најавиме нашата нова активност во областа на неформалното образование!

 

ПИНГАЛА КОНСАЛТ започнува со организирање на едукативни програми наменети за професионален развој, практични вештини и унапредување на знаењето во различни сектори. Овие обуки ќе бидат прилагодени на потребите на пазарот и учесниците, со ангажирање на експерти од соодветните области.

 

Повеќе информации наскоро – останете со нас!

ЛОКАЛНА ПОДДРШКА

Ги поддржуваме нашите странски клиенти во нивните секојдневни активности во регионот, нудејќи широк спектар на услуги како што се услуги за управување, административни услуги, човечки ресурси, финансиски надзор и известување и многу повеќе.

На странските инвеститори им се потребни сигурни, лојални и доверливи локални луѓе кои ќе ги поддржуваат во нивните активности.

 

Интересот на нашите клиенти пред сè.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ

Нашиот тим веќе четврт век, во најразлични форми и под различни брендови на компании, организации и институции успешно креира и реализира најразлични корпоративни настани – од конференции, бизнис форуми и конвенции, до гала вечери, свечени приеми и специјализирани собири со 50 до 450 учесници.

Одсега, оваа услуга е достапна како официјална понуда од Пингала Консулт – вашиот сигурен партнер за успешни настани.

 

Со богато меѓународно искуство и професионално познавање на сите фази од организацијата, нудиме целосна услуга: од концепт и подготовка, преку логистика и координација, до беспрекорна реализација на настанот. Клиентот има целосна флексибилност да одлучи во која фаза и во кој дел од процесот ќе нè вклучи – било да е тоа целосна организација или поддршка само во одреден сегмент.

 

Секој проект го надополнуваме со уникатен бренд печат кој го одразува вашиот идентитет и ја засилува пораката кон публиката. Нашата цел е да создадеме незаборавно искуство за вашите гости – оставајќи ве слободни да се фокусирате на она што е најважно.

© 2025 од Пингала Консалт

bottom of page