

Обука за медијација
БРОЈ НА ЧАСОВИ
26 академски часа (интензивна и динамична обука)
ВРЕМЕТРАЕЊЕ
3 дена (петок, сабота, недела)
НАЧИН НА ОДДРЖУВАЊЕ
Физичко присуство
ЛОКАЦИЈА
Универзитет Скопје
ОРГАНИЗАТОРИ
Универзитет Скопје, Пингала Консулт, ПИОРСИС
ЦЕНА
450 евра
КОНТАКТ
078 33 43 73, info@pingalaconsult.com
Медијацијата е алтернативен метод за решавање на спорови кој им овозможува на страните во конфликт да најдат заемно прифатливо решение со помош на неутрален и независен посредник – медијатор. Таа се заснова на принципи на доброволност, доверливост, еднаквост на страните и нивна активна вклученост во процесот.
Медијацијата не е само процес, туку и вештина која го збогатува секојдневието на човекот. Таа претставува способност да се слуша активно, да се комуницира јасно и ненасилно, да се препознаваат интересите зад позициите и да се бараат заеднички решенија дури и во најтешките ситуации.
Оваа вештина е применлива во различни контексти – од семејни и лични односи, преку работна средина и деловни соработки, до образовни институции, јавни организации и меѓукултурни ситуации. Таму каде што постои конфликт или недоразбирање, медијацијата отвора врата кон конструктивен дијалог и одржливи договори.
Медијацијата исто така го менува начинот на кој ја перцепираме реалноста и луѓето околу нас. Наместо конфликтот да се гледа како закана или борба, тој се препознава како можност за раст, за учење и за создавање нови патишта на разбирање. Вештината на медијација го поттикнува развојот на емпатија, трпение и почит, трансформирајќи ја комуникацијата и односите на позитивен и траен начин. Помага да ги сведете до минимум или да ги отстраните конфликтите од вашиот живот, а уште повеќе – да ги претворите конфликтите во можности за личен раст. Да го доразвивате вашиот емоционален интелект и таков воспоставувате и кај другите.
Медијаторите се обучуваат да не ја блокираат идејата, да управуваат со егото на страните, да го „омекнат“ во име на истражување на проблемите и создавање заедничка платформа каде интересите се среќаваат.
За кого е наменета и каде е сè применлива?
Обука за медијација е отворена за сите кои сакаат да стекнат практични вештини за конструктивно решавање на конфликти и градење подобри односи – без разлика на професијата или образованието. Не е потребно да бидете правник за да користите медијациски вештини. Медијаторските техники помагаат и при водењето на преговори и воопшто во комуникацијата. Тие придонесуваат за совладување и управување со сопствените и туѓите емоции. Медијацијата ги надградува вашите способности и може да ве направи подобар специјалист.
Програмата е особено корисна за професионалци кои секојдневно работат со луѓе: менаџери, претприемачи, лидери на тимови, психолози, педагози, социјални работници, наставници, претставници на невладини организации, службеници во јавната администрација, но и за сите што сакаат да ги подобрат своите комуникациски и преговарачки способности.
Обуката е наменета и за поединци кои сакаат личен развој – за подобрување на семејните односи, надминување на лични или професионални предизвици и за стекнување сигурност при носење одлуки во ситуации на несогласување.
Со други зборови – медијацијата е за секого што сака да научи како конфликтите да се претворат во можност за дијалог, разбирање и нови решенија.
Методологија и форма на обуката
Интензивна и динамична програма која комбинира теоретска основа со практични активности, вклучително интерактивни вежби, практични демонстрации, презентации на едукативни филмови и видеа, како и игра на улоги со реални ситуации.
Меѓународните експерти ќе го водат процесот на обука прилагодувајќи ги темите на реални сценарија и примери на учесниците, со цел секој да може ефективно да ги развие и примени стекнатите вештини.
ШТО ДОБИВАТЕ?
Врвни меѓународни предавачи кои се меѓу првите акредитирани обучувачи за медијација во ЕУ, со бројни успешно завршени медијациски процеси, меѓу кои и политичка медијација во Централна Азија
Следење на обуката со физичко присуство во современи предавални опремени со најнова технологија
Бројни дополнителни поволности за други едукации, настани и можности за вмрежување
Интерактивни вежби, практични демонстрации, презентации на едукативни филмови и видеа, како и игра на улоги со реални ситуации
Стекнување вештини кои се веднаш применливи во професионалниот и приватниот живот
Можност за регистрација во регистерот за медијатори во Република Бугарија
Учебни помагала и едукативни материјали (англиски и македонски јазик)
Два сертификат за неформално образование за присуство од Универзитетот Скопје на македонски јазиј и ПИОРСИС Софија на англиски јазик
Придобивки и вештини од обуката
Стекнатите вештини од обуката за медијација се директно применливи во секојдневниот живот и професионалната средина. Тие овозможуваат поефективно решавање на конфликти, подобрување на комуникацијата и градење здрави и продуктивни односи, како на личен така и на професионален план.
Придобивки:
-
Подобрување на комуникацијата – учесниците учат како појасно и поефективно да се изразуваат и да слушаат активно
-
Решавање конфликти – стекнување алатки за конструктивно управување со спорови и нивно претворање во можности. Го користите конфликтот така што го модифицирате за својот личен раст и за раст на другите
-
Градење доверба – медијаторот учи како да создава неутрална и безбедна средина за сите страни
-
Зголемена емоционална интелигенција – развивање чувствителност за емоциите и потребите на другите
-
Подобри преговарачки способности – учење техники за постигнување win-win решенија
-
Применливост во различни области – во бизнис, семејство, образование, организациска култура и меѓународни односи
Вештини кои се развиват:
-
Активно слушање и препознавање на скриени интереси
-
Неутралност и непристрасност во однесувањето
-
Поставување прашања кои ја насочуваат дискусијата
-
Рефлексија и парафразирање за да се потврди разбирањето
-
Управување со емоции (сопствени и на странките)
-
Модерирање на разговор и водење процес
-
Креативно решавање проблеми и градење опции
-
Донесување договори кои се правично прифатени од сите страни
Обуката е корисна и ако не планирате формално да станете медијатор – затоа што вештините директно ја подобруваат секојдневната комуникација и професионалното работење.
Вештина што го менува начинот на кој гледате на светот
Запознај ги предавачите:

д-р Мариа Мусорлиева
Биографија Извршен директор на ПИОРСИС, адвокат од 1992 година, автор на првата и единствена до сега дисертација на тема „Комуникациски модел на медијацијата пред, за време и по политички избори и нивното информирање“, универзитетски предавач, автор на книги и активен медијатор. Марија Мусорлиева е најдолгогодишниот заменик-претседател на Централната изборна комисија (ЦИК) – до 2019 година. Како дипломиран филмски режисер од Национална академија за театар и филмска уметност, таа направи едни од првите едукативни документарни филмови за медијација, емитувани на Бугарска национална радио-телевизија. Активен и исклучително инспиративен говорник на бројни национални и меѓународни конференции и настани за медијација, на кои зборува за медијацијата како начин страните да ја пронајдат платформата каде што можат да ги „откријат“ заедничките вредности и страните да се разберат меѓусебно и, доколку е можно, да се „прегрнат“ (да се ракуваат).

Атанас Мусорлиев
Биографија Ко-оснoвач и претседател на фондацијата ПИОРСИС, медијатор, впишан во регистарот на медијатори при Министерството за правда на Република Бугарија, лиценциран обучувач по медијација со значително, повеќедецениско искуство. Во 1991 година, Атанас Мусорлиев е избран на прво место од над 100 кандидати на првиот демократски конкурс за судии, одобрен од Народното собрание на Република Бугарија по неколку кругови. Судија со над 14 години искуство и претседател на одделение во Софискиот градски суд. Го напушта судот по свое лично барање, поради несогласување со низа настани во судскиот систем. Во следните 15 години работи како адвокат. Член-комесар во Комисијата за заштита од дискриминација (2013 – 2018). Постар правен советник во Бугарска национална радио-телевизија. Во последните години работи како правен консултант во големи меѓународни спорови. Владее совршено англиски и руски јазик и одлично чешки.
Организатори:

едукативен партнер

организациски партнер

експертски партнер
Запознај го нашиот експертски партнер:
Правниот институт за обука и решавање на спорови надвор од судот – ПИОРСИС, е основан во 2008 година како невладина, непрофитна организација со седиште во Софија и Смолјан. Институтот е акредитиран од Министерството за правда на Република Бугарија како официјален обучувачки центар за медијација и од тогаш успешно организира обуки, семинари и сертифицирани програми за медијатори.
ПИОРСИС е еден од првите обучувачки центри за медијација во Европската Унија и има долгогодишна историја на развој и промоција на алтернативното решавање на спорови. Институтот ги произведе првите едукативни документарни филмови за медијација во сопствено филмско студио, емитувани на националната телевизија, како и првите вакви филмови по нарачка на Американската асоцијација на правници.
Освен стандардните курсеви за медијатори, ПИОРСИС спроведува специјализирани обуки и реални медијации во различни видови спорови: комерцијални, семејни, наследни, потрошувачки, спорови поврзани со авторски права, јавно-приватни партнерства, имотно-правни спорови, спорови во училишта, спорови со и меѓу општините, како и многу други. Во своето работење, институтот обучил илјадници медијатори од различни професионални и социјални сфери. ПИОРСИС има долгогодишно искуство во меѓународни проекти, вклучително поддршка на процеси за мир во Централна Азија и посредување во меѓуетнички и меѓукултурни конфликти, како на пример решавањето на спорот со бугарските лекари во Либија.
Главната цел на ПИОРСИС е да ја промовира медијацијата и алтернативното решавање на спорови преку обуки, предавања, презентации и практична примена, со цел зголемување на правната свест, меѓукултурната комуникација и развојот на вештини за конструктивно решавање на конфликти. Институтот обучил елитни медијатори од сите сфери на животот – адвокати, судии, економисти, сметководители, наставници, психолози, бизнисмени и родители, како и младински организации и јавни службеници.
ПИОРСИС нуди и сертифицирана програма за обука по медијација за високообразовни институции, со два основни модули – „Вовед во медијацијата“ и „Специјализирани медијации“, кои се базирани на примерот на Универзитетот Харвард и водечкиот американски модел за медијација. Курсот е интерактивен и се води од искусни медијатори, вклучително судии, адвокати и млади специјалисти со искуство од меѓународни проекти и реални медијации.
.png)