top of page
WhatsApp Image 2025-05-13 at 21.25.31_5161e053.jpg

Академија за усогласеност со прописи

БРОЈ НА ЧАСОВИ 

76 академски часа (теоретска и практична настава)

ДИНАМИКА 

две предавања неделно, понеделник и среда 18:00 - 19:30

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

3 месеца 

НАЧИН НА ОДДРЖУВАЊЕ 

Физичко присуство или онлајн следење

ЛОКАЦИЈА

Универзитет Скопје или преку Google Meet 

ОРГАНИЗАТОРИ

Универзитет Скопје и Пингала Консулт

ЦЕНА

780 евра, 15% попуст на вториот учесник од иста организација

КОНТАКТ

078 33 43 73, info@pingalaconsult.com 

EARLY BIRD

20% попуст

Усогласеноста со прописи (Regulatory Compliance) подразбира почитување на сите закони, регулативи и стандарди што се применуваат во работењето на една организација. Усогласеноста е клучна за долгорочен успех и доверба на пазарот.

Во современото динамично деловно и институционално опкружување, усогласеноста со прописите не е само законска обврска — таа е клучна основа за доверба, стабилност и одржлив успех. Компаниите и организациите кои систематски ги почитуваат релевантните прописи го зајакнуваат својот интегритет, ја минимизираат изложеноста на ризици, се заштитуваат од финансиски казни, вклучително и одземање на дозвола за работа, како и ја градат својата репутација како сигурни партнери за вработените, клиентите, инвеститорите и останати заинтересирани страни.

За кого е наменета?

  • Членови на тимот за усогласенот со прописите во корпорации, компании и институции кои имаат имплементирано Систем за усогласеност со прописите 

  • Компании, институции и организации кои планираат да имплементираат систем за усогласеност со прописите

  • Компании кои ги пласираат или планираат да ги пласираат своите производи и услуги на странски пазари 

  • Правници и адвокатски друштва и канцеларии кои даваат услуги на своите клиенти за усогласенот со прописите 

  • Компании кои имаат или планираат да бараат странски и домашни инвеститори за нивните компании или проекти 

  • Професионалци во усогласеност, правници, правни стручњаци, консултанти и лица од други области кои сакаат подетално да навлезат во темата на Усогласеност со прописите 

  • Компании кои изработуваат системски решенија поврзани со Системот за усогласеност со прописите

 

Методологија на предавање

Секоја тематска област на деловна усогласеност со прописите може да претставува специјализирана тематска едукација, но целта преку оваа едукација да им се понуди на учесниците програма за знаења поврзана со општ преглед на функцијата за усогласеноста со прописите, која ќе ги опфати најважните аспекти на оваа контролна функција, но и ќе го објасни нејзиното постоење, развој и нови трендови. Модулите ќе опфатат подетален општ пристап во обработката на поединечни тематски единици, како и специјализиран пристап зависно од секторот на делување.  

Академијата ќе се одвива на интерактивно ниво со предавања со презентации, практични примери и студии на случај релевантни за целната група.
 

Предавањата ќе се одвиваат во вкупно 76 часа, и ќе вклучуваат:

  • Предавања

  • Тематски работилници

  • Анализа на случаи

Што Велат Нашите Клиенти

"Моето искуство со Академијата беше одлично. Се стекнав со знаења и вештини кои ми помогнаа да се развијам професионално како менаџер. Наставата беше професионална и инспиративна, а целиот процес беше добро организиран и пријатен. Благодарен сум за целата поддршка и можност да се развијам."

Ивица Карапетров, Заменик управител

Рудник Бучим Радовиш

cropped-Bucim-logo-1-1.png

Придобивки за тебе:
 

  • Зголемена вработливост: Посебно во сектори како банкарство, здравство, ИТ, телекомуникации, фармација, осигурување, јавен сектор

  • Унапредување на кариерата: Можеш да се позиционираш како compliance officer, лице за контрола на усогласеноста на работењето со прописите, или консултант специјалист во оваа област со можност за надворешно давање на функцијата на усогласеност со прописите

  • Подобро разбирање на законите и регулативите: Корисно и ако си на раководна функција или имаш свој бизнис

  • Сигурност при одлучувањето: Ќе знаеш да управуваш со ризиците од усогласеност на прописите и да носиш информирани одлуки

  • Меѓународна применливост: Разбирање на меѓународниот контекст за усогласување со регулативата и регулаторното опкружување во различни јурисдикции


Што ќе научиш:


Ако посетуваш Академија за усогласеност со прописи (Regulatory Compliance Academy), ќе научиш како организациите се усогласуваат со законите, регулативите и интерните акти и процедури за да избегнат правни, финансиски и репутациски последици. 
 

  • Појава и основи на регулаторна усогласеност

  • Што е усогласеност со прописи и зошто е посебно важна оваа функција за компаниите/организациите како контролна функција и втора линија на одбрана во рамки на доброто корпоративно управување (применливо за различни индустрии)

  • Меѓународни и национални регулативи

  • Различни ризици поврзани со функцијата на усогласеност со прописите: заштита на личните податоци (GDPR), спречување перење пари (Anti-Money Laundering), меѓународни акти од областа на управување со ризици од корупција и поткуп (Foreign Corrupt Practices Act), ISO стандарди, локална регулатива

  • Процеси и алатки кои можат да помогнат во успешна имплементација на функцијата за усогласеност со прописите

  • Како се развиваат и имплементираат програми за усогласеност со прописи, следење и ревизија

  • Идентификација и проценка на регулаторни ризици, управување со судир на интереси, системи за укажувачи (whistleblowing) и сл.

  • Извештаи, ревизии и инспекции

  • Подготовка за регулаторни контролни прегледи и извештаи кон надлежни тела

  • Комуникација и обука

  • Како се обучуваат вработените и како се гради организациска култура на усогласеност

  • Етика и интегритет

ШТО ДОБИВАТЕ?

Врвни предавачи со искуство од повеќе од 15 години 

​​

Учебни помагала и едукативни материјали

Следење на обуката во современи предавални опремени со најнова технологија

Можност за следење онлајн 

Можност за плаќање на рати 

Сертификат за неформално образование за присуство и положен завршен испит од  Универзитетот Скопје 


Анализа на случаи, како и практични примери и вежби

 

​​​

Дополнителен попуст за двајца и повеќе учесници од иста организација

​​​Бројни дополнителни поволности за други едукации, настани и можности за вмрежување со професионалци од оваа фела

444781186_10159775753222797_7398833733274840068_n.jpg

м-р Ирена Бачановиќ Каракашев

Биографија Ирена Бачановиќ Каракашев, е професионалец, дипломиран правник, со двојна магистерска диплома - магистер по бизнис и администрација од Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методија" Македонија, и магистер во областа на правото и економијата на престижната магистерска програма ЕРАЗМУС (Универзитетот во Хамбург, Универзитетот во Болоња и Универзитетот Пол Сезан, Марсеј III). Со повеќе од петнаесет години искуство во банкарството во делот на функцијата за управување со усогласеноста (compliance function), таа е меѓународно сертифициран експерт за усогласеност специјализиран за регулаторна усогласеност, дигитализација, ESG и зелени иницијативи за одржливост, корпоративно управување, етика и интегритет, како и заштита на правата на потрошувачите и човекови права. Нејзината експертиза како обучувач опфаќа теми од областа на регулаторната усогласеност, заштита на личните податоци, етика, интегритет и корпоративно управување, едуцирајќи ги учесниците со основни и напредни вештини за делување на сложени регулаторни пазари и во различни индустрии. Во улога на претставник на финансиска институција, Ирена е поранешен член на стручни тела (Правна комисија, АМЛ и Compliance комисија и Комисија за информативна сигурност и заштита на личните податоци) во рамки на Македонската банкарска асоцијација (поранешно Здружение на банкарство во рамки на Стопанската комора на Македонија) и активен промотор на функцијата за усогласеност како значајна контролна функција во доброто корпоративно управување. Обучувач за ISO стандарди за управување со усогласеност, антикорупција и поткуп, како и правни аспекти во поглед на безбедноста на информациите и заштитата на личните податоци. Активен член на Техничкиот комитет 9 за управување со квалитет, животна средина и ризици како дел од Институтот за сертификација на Македонија (набљудувач во меѓународното тело за изготвување на ISO стандарди во оваа област). Експертиза во управување со проекти финансирани од меѓународни организации.

OIP.jfif

д-р Пане Илиев

 

Биографија Д-р Пане Илиев е истакнат експерт во областа на претприемништво, внатрешна ревизија, лидерство, комуникации, управување со ризици и усогласеност со прописи, со долгогодишно професионално и академско искуство. Роден е на 9 декември 1979 година во Неготино, а живее и работи во Скопје. Високото образование го стекнува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира на Економскиот факултет, а магистрира и докторира во областа менаџмент, организација и претприемништво на Економски институт - Скопје при УКИМ. Професионалната кариера на д-р Илиев се карактеризира со континуиран развој и стекнување значајно искуство во областа на внатрешната ревизија, финансии и управување со ризици. Во моментов ја извршува функцијата Главен извршен ревизор во СТХ ДОО Скопје. Претходно бил ангажиран како искусен ревизор во ПроКредит Банка АД Скопје, менаџер за внатрешна ревизија во Реплек АД Скопје и раководител на внатрешна ревизија во Тиго Фајнанс ДООЕЛ Скопје. Значаен дел од својата кариера го има поминато во Комерцијална банка АД Скопје, каде повеќе години работел како самостоен ревизор во Дирекцијата за внатрешна ревизија, како и на позиции во областа на финансии. Покрај професионалниот ангажман, д-р Илиев активно бил вклучен и во академската заедница како доцент на Меѓународниот славјански универзитет. Воедно, тој е долгогодишен предавач и обучувач, со значајно искуство во реализација на бројни стручни обуки, семинари и едукативни програми од областа на внатрешна ревизија, претприемништво, лидерство, комуникации и усогласеност со прописи. Особено се истакнува како предавач со висок степен на стручност и практична применливост на знаењето, при што посветува посебен акцент на темите поврзани со кодексите на етика, професионалниот интегритет и организациската култура. Неговиот интерес во овие области е директно поврзан со современите барања за усогласеност со прописи, каде етичкото однесување, транспарентноста и одговорноста претставуваат клучни елементи за воспоставување ефективни системи за усогласеност, управување со ризици и добро корпоративно управување. Неговиот професионален ангажман е надополнет со активно учество во релевантни стручни организации. Тој е член на Институтот на внатрешни ревизори на Северна Македонија, каде во периодот 2020–2023 година бил член на Управниот одбор. Дополнително, поседува меѓународна професионална сертификација Certified Credit Analyst (CCA), како и континуирано вложува во својата професионална надградба.

Усогласеноста не е трошок – таа е ваша конкурентска предност!

© 2026 од Пингала Консалт

bottom of page